| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е светски ден на лицата родени со Даунов синдром

Македонското здружение „Тризомија 21“ за денешниот ден организра неколку настани кои од денеска до сабота ќе се случуваат во скопските маркети. Денеска во трговскиот центар „Забра“ во скопската населба Капиштец во 17,30 часот ќе организраат катче на кое ќе се поделат брошури и ќе има изложба на уметнички дела, а утре, на 22 март во „Рамстор“ (18 часот) и во сабота во „Сити мол“ во 11 часот лицата родени со Даунов синдром ќе работат на касите и ќе пакуваат. Денеска на скопскиот филозофски факултет ќе има и трибина за лицата родени со Даунов синдром

Денеска е светски ден на лицата родени со Даунов синдром, хромозомско нарушување кое уште се карактеризира со специфичен израз на лицето, широко одвоени коси очи. Лицата имаат низок раст и специфично заоблени лица.

Македонското здружение „Тризомија 21“ за денешниот ден организра неколку настани кои од денеска до сабота ќе се случуваат во скопските маркети. Денеска во трговскиот центар „Забра“ во скопската населба Капиштец во 17,30 часот ќе организраат катче на кое ќе се поделат брошури и ќе има изложба на уметнички дела, а утре, на 22 март во „Рамстор“ (18 часот) и во сабота во „Сити мол“ во 11 часот лицата родени со Даунов синдром ќе работат на касите и ќе пакуваат. Денеска на скопскиот филозофски факултет ќе има и трибина за лицата родени со Даунов синдром на тема „Дали лицата родени со Даунов синдром се маргинализирани или вклучен во македонското општество“.даунов синдром

– Меѓународното одбележувањето на овој ден е новина, не само кај нас, туку и во светот. Се надевам дека прославувањето повеќе ќе не поттикне во текот на целата година да се организираат настани. Како и секаде, почетокот е тежок. Западниот свет постигна големи чекори на ова поле, се надевам дека ние ќе ги следиме нивните достигнувања и ќе учиме од нив и нема да заостануваме воопшто, туку напротив, ќе ги следиме во чекор – изјави Ида Мантон, активист во ова поле и родител на дете родено со Даунов синдром.

Светскиот ден на лица родени со Даунов сиднром се прославува од неодамна, од 2006 година, а 21 март е избран бидејќи хромозомското нарушување е на третиот хромозом, а има вкупно 21 пар на хромозоми.

Причината за Даунов синдром уште во 1959 година ја откриле група професори од Парискиот универзитет. Тие докажале дека причина за Даунов синдром е хромозомопатија. Дауновиот синдром е нарушување, кое уште се карактеризира со специфичен израз на лицето и често по него може да постави дијагнозата уште кога е новороденче. Тие бебиња обично имаат мала глава, широко одвоени коси очи. Во 95 до 97 отсто случаи Дауновиот синдром не е наследна болест и се јавува во сите раси и економски групи. Појавата на Даунов синдром не се доведува во врска со какви било животни навики на родителите. Лицата со Даунов синдром се весели, пријателски расположени, друштвени и активни. Во 50 отсто од случаите имаат срцев недостаток, но и оштетување на видот или слухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top