| четврток, 6 декември 2018 |

Лисицки коцкаше и спасуваше меч топки за елиминација на Пенета

Германската тенисерка Сабине Лисицки ја елиминира шампионката на Индијан Велс Флавија Пенета во одличен меч што заврши во три сета со резултат 6-4,6-7(3),7-6(4).

Лисицки имаше можност порано да ги реши дилемите, но прокоцка две меч топки во вториот сет. Потоа во десеттиот гем од третиот сет спаси три меч топки, од тоа две врзани, за да стигне до победата.

Во полуфиналето германската тенисерка ќе игра со Јелена Јанковиќ, а вториот финалист ќе биде познат по мечот меѓу Серена Вилијамс и Симона Халеп.

Wimbledon Championships

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top