Како завршува оваа сезона се погласни се шпекулациите на големи трансфер бомби ширум Европа.
Еден од играчите околу кој ќе се кршат копјата ова лето е францускиот интернационалец во редовите на Јувентус, Пол Погба.
Погба има фантастична сезона и е еден од најзаслужните во тимот на „старата дама“ за одличните резултати во Италија и во Лигата на шампионите. Јувентус е неприкосновен на врвот на табелата во Серија А, а веќе се пласираше во четвртфиналето од најквалитетното натпреварување во Европа.
Повторно Челси е тимот околу кој се врти приказната дека и ова лето ќе направи вистинска трансфер бомба. Менаџерот на сините од Лондон Жозе Мурињо по добиеното зелено светло од сопственикот Роман Абрамович ќе се обиде да го договори трансферот со Јувентус за најдобриот млад играч во светот.
Парите никогаш не биле проблем за екипата на Челси па се очекува за нови играчи Абрамович да одвои 150 милиони фунти плус дополнителни 40 милиони заради почитување на финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Според англиските медиуми 77 милиони фунти би биле доволни да Погба го напушти Торино, а тие пари не се никаков проблем за тимовите од Премиер лигата.
Останува да се види дали Мурињо ќе ја добие трката со Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кои се сметаат за најголеми фаворити за доведување на францускиот репрезентативец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.