Министерот за иновации и информациони технологии на Албанија, Генц Поло, во текот на средбата со косовскиот министер за економски развој, Бесим Бечај, ветил дека Тирана ќе се ангажира за Косово да добие меѓународен телефонски префикс или да го користи повикувачкиот број на Албанија.
Министрите како исклучително успешна ја оценуваат соработката меѓу Тирана и Приштина на политички и економски план и во исто време ќе се ангажираат Албанија во име на Косово да побара меѓународен префикс или користење на албанскиот 00-355 за фиксна и мобилна телефонија на Косово.
Телекомуникациите се една од темите во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
На Косово во фиксната телефонија се користи повикувачкиот број на Србија (+381), додека во мобилната телефонија се користат меѓународните префикси на Монако (337) и на Словенија (387).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации