Ниту еден англиски тим нема да игра во четвртфиналето во европските купови, а денеска попладне на ждрепката за Лигата на шампионите и Лигата на Европа на УЕФА по долго време ќе нема ниту едно име од Премеиерлигата.
Евертон беше последната надеж, но „карамелите“ се стопија во Киев, каде што загубија со 2-5 од Динамо и не се пласираа меѓу осумтте најдобри во ЛЕ.
Претходно Челси, Манчестер сити и Арсенал не успеаја во реванш-дуелите од Лигата на шампионите да ги елиминираат ПСЖ, Барселона, односно Монако, што донесе изненадувачка ситуација, во битка за еден од двата трофеи во Европа да нема ниту еден состав од Англија.
Денеска напладне во Нион ќе се одржи ждрепката за ЛШ. Привилегирани нема, може да игра секој со секого, а и не важи правилото меѓусебе да не играат екипи од иста земја.
За вредната европска круна во игра се актуелниот шампион Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Пари Сен Жермен, Монако, Баерн, Порто и Јувентус.
Во Лига Европа на УЕФА меѓу осумтте најдобри се пласираа бранителот на трофејот Севилја, Динамо Киев, Днипро, Волфсбург, Фиорентина, Бриж, Зенит и Наполи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.