Искусниот холандски тренер Дик Адвокат е убеден дека на крајот од сезоната ќе остане во Премиер лигата со неговиот нов клуб Сандерленд.
– Веќе разговарав со играчите. Го одбративме и првиот тренинг заедно. Атмосферата е позитивна. Сите знаеме што ни е целта и сметам дека ќе ја исполниме – изјави Адвокат.
Холанѓанецот е среќен што кариерата ќе ја продолжи во голем клуб како што е Сандерленд.
– Секој клуб кој има вакви услови, ваков стадион и голема подршка од навивачите мора да биде голем. Таква екипа не смее да игра во понизок ранг на натпреварување и се ќе сторам тоа да не се случи – додаде новиот менаџер на „Црните мачки“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период