Американците работат многу. Ако сакате да го живеете американскиот сон, треба да знаете дека тоа не е лесно и сигурно ќе треба да работите повеќе од 40 часа неделно.
Ако сте во Њујорк над 49 часа неделно. Во рангирањето е вклучено и времето за патување до работа. Просечниот американец за една недела поминува 4 часа и 11 минути во патување. Тоа е за 30 минути повеќе од 1990 година.
Надвор од топ 10 со малку над 47 часа, остануваат Сан Хозе (Калифорнија), Сан Антонио (Тексас), Филаделфија (Пенсилванија), Далас (Тексас) и Остин (Тексас).
На прво место е Њујорк, но мора да се напомене дека една од причините е дека тука луѓето патуваат најдолго до и од работа – во просек 6.18 часа неделно. На второ место по патување до и од работа е Филаделфија со 5,01 часа неделно. Ако се скратат часовите за патување, на прво место ќе излезе Сан Франциско со 44.01 часа работа. Само работните саати во Њујорк се 42.50 часа, со што градот се рангираше на второто место.
Погледните ги топ 10 (со вклучено патување):
1. Њујорк – 49.08 часа
2. Сан Франциско, Калифорнија – 48.58 часа
3. Вашингтон – 48.39 часа
4. Хјустон, Тексас – 48.58 часа
5. Форт Ворт, Тексас – 48.39 часа
6 . Чикаго, Илиноис – 48.18 часа
7. Бостон, Масачусетс – 48.01 часа
8. Шарлот, Северна Каролина – 47.36 часа
9. Балтимор, Мериленд – 47.25 часа
10. Сиетл, Вашингтон – 47.23 часа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Се намалува фондот на часови во второ и трето одделение
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк