Најмалку шест лица загинаа изутринава откако воз излета од шини во селото Бачраван, всеверната индиска сојузна држава Утар Прадеш, соопшти индиската полиција.
Потврдено е дека шест лица загинале, а десетина се повредени, но полицијата стравува дека има повеќе дестина загинати.
Локалното население, полицијата и работници прават напори за спасување на патниците заробени во три целосно уништени вагони, што утринава излетаа во близина на селото Бачраван.
Засега се извлечени шест тела на загинати патници. Причините за несреќата засега не се познати.
Железничките несреќи во Индија се чести. Индиската железница е една од најголемите во светот и со неа секојдневно се превезуваат над 23 милиони патници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.