| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се наоѓа во политички хаос

vmroВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, наведува дека се поочигледно е дека тој покажува оти се наоѓа во политички хаос, притиснат од големите најави, од една страна, и нереализираните ветувања и ефекти кажани пред неговото членство, од другата страна.

– Дополнително, Зоран Заев е оптоварен со истражните постапки што се водат против него за криминално и незаконско однесување, па, продолжува да одработува за туѓите интереси и се надева дека од оваа каша во која сам влезе со противзаконски дејства, некој друг ќе го спасува. Покрај тоа Зоран Заев мисли дека тоа што тој самиот е во каша е оправдувавање да ги вовлече сите други со себе, целата своја партија, па и целата држава, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Заев продолжува да и наштетува на државата и оти тоа го прави свесно, само за да се обиде да им го намали значењето на своите криминални и незаконски постапувања.

– Конструкции и монтажи нема да го спасат Зоран Заев од самиот себе и од своите криминали, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ ја потсетува јавноста на денот кога во Собранието на Република Македонија по партиски список од кадровските комисии на СДСМ беа избрани 617 судии и уште стотина јавни обвинители.

– Да потсетиме само на Ленче Софрониевска, фамилијата Медарски, мајката на Каролина Астеруд, Дане Илиев, Бранко Наумовски, Лилјана Ингилизова и уште многу други што беа бирани заради тоа што беа сопруги, деца, кумови, родители, бизнис партнери и партиски членови на СДСМ. Истите тие судии од СДСМ го водеа процесот на приватизации и стечаи на стотици фирми при што 200.000 луѓе останаа без своите работните места, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top