Седумнаесет годишната Маша Вукотиќ, тинејџерка од Црна Гора, е убиена во вторникот вечерта во близина на нејзиниот дом во Мелбурн, каде била преселена со своите родители.
Девојката за времето на нападот џогираала и носела слушалки, и затоа не го чула убиецот кој и пришол одзади и ја избодел. Таа била жива кога Брзата помош пристигнала на местото, но изгубила премногу крв и докторите не успеале да ја спасат.
Убиецот бил идентификуван како Шон Прајс, веќе познат осудуван силувач. За време на апсењето тој се смеел и постојано покажувал среден прст.
Инспекторот Мајкл Хјуз вели дека убиецот бил претходно познат на полицијата, и веќе има криминално досие. Прајс(32) има 22 кривични пријави, вклучувајќи ги и обвинувањата за сексуален напад врз мајка на две деца, напад над 13-годишно девојче и силување на 21-годишна девојка на пешачки премин. Тој признал повеќе кривични дела, но никогаш не бил осудуван.
Полицијата соопшти дека истрагата продолжува, да дознаете дали нападот на Вукотиќ бил случаен или планиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка