| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски во Виена на Конференција за борба против џихадизмот

попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски утре во Виена ќе учествува на конференцијата посветена на „Борбата против џихадизмот – обликување на политика за превенција и реакција“.

Попоски на конференцијата ќе учествува на покана од министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц и министерката за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер.

На конференцијата, на која ќе учествуваат министрите за надворешни и за внатрешни работи од земјите од Западен Балкан, ќе се дискутира за борците што од Европа заминуваат за Блискиот Исток и се борат на страната на ИСИЛ, како и за враќањето во нивните матични земји.

Министерот Попоски на конференцијата ќе ги презентира преземените и планирани активности на Република Македонија во борбата против глобалниот тероризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top