| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредни мерки во Париз поради загаденост на воздухот

 париз

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго се одлучи да побара од државните власти воведување алтернативен сообраќај и бесплатен јавен превоз за утре, јавува дописникот на МИА од Париз.

Одлуката на властите на француската престолнина доаѓа откако градот се соочува со висока загаденост на воздухот.

Згаденоста на воздухот го надмина дозволеното ниво уште вчера, а не е предвидено подобрување на ситуацијата ни во наредните денови. Француското законодавство дозволува во такви случаи воведување вонредни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top