| четврток, 6 декември 2018 |

Во Косово уапсен директор во полицијата

косово1

Директорот на Дирекцијата за миграција во косовската полиција Фадиљ Реџепи беше уапсен денеска, јавија косовски медиуми.

Освен Реџепи уапсени се и неколку други луѓе за кои се смета дека се членови на косовската полиција и силите за безбедност на Косово.

Официјално не е соопштена причината за апсењето, но според извори во косовската полиција медиумите јавуваат дека приведените се вмешани во неколку криминални дела. Полицијата најави за попладнево прес конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top