| четврток, 6 декември 2018 |

Пијте скопска вода и бидете вити и згодни

voda

Првиот човек на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ најавува дека до Нова година ќе биде готова зградата под Кале, ќе се заменат сите азбестни цевки, ќе се купат 7.000 водомери на далечинско отчитување, а системот ќе биде подготвен за потенцијалните опасности од пролетните поплави.

Состојбата во „Водовод“ ја оценувам како многу подобра во споредба со фабриката за шински возила во Велес од каде што дојдов, но предизвиците овде се многу поголеми во однос на тоа дека целта на претпријатието, но и лично моја е Скопје да добива квалитетна вода за пиење 24/7 и да го заштитиме градот во овие години на поплави, кои настануваат поради климатските промени во светот, вели Александар Атанасов во интервју за „Дневник“, кој од пред еден месец е генерален директор на скопското водоснабдително претпријатие.

Kои се приоритетите што си ги зададовте како први задачи, на пример, дали ќе ги обезбедите сите мерки за Скопје напролет да не биде поплавено?

– „Водовод“ ги има преземено сите мерки и активности за заштита од поплави поради поројни дождови. Дополнително се набавени 5 пумпи за испумпување со голема моќност, се чистат шахтите и сите колектори и се интервенира на критичните места. Мојата цел и приоритети се да се остварат долгорочните развојни цели на претпријатието, преку долгорочно планирање на сите фактори што влијаат на работењето.

500BA7A19E406541C498637A23EУправната зграда готова до крајот на оваа година

Една од поскапите инвестиции е административната зграда под Kале, која е во изградба, за која неодамна беше подигнат и кредит од 7, 3 милиони евра, а вкупно ќе чини 10 милиони евра. Ќе има ли кондиција претпријатието да ја доврши и исплати, а во исто време да гради и да ја обновува потребната инфраструктура?

– Со големо задоволство можам да кажам дека во 2015 година продолжуваме со инвестициските активности поврзани со изградбата на новата управна зграда. Во ова инвестициско вложување, кое почна во вториот квартал на 2011 година и требаше да заврши до почетокот на 2014 година, поради објективни околности настана застој. Се планира изградбата да заврши до крајот на 2015 година. Учеството во овие вложувања ќе изнесува 450 милиони денари, кои се обезбедени со кредит.

Во изминава деценија се разви тренд на купување вода за пиење, иако водата од чешма, според градската власт е исправна и здрава за пиење. Kаков е нејзиниот квалитет, со оглед дека граѓаните најмногу забележуваат на цевките низ кои се спроведува и на бигорот?

– Kористењето вода за пиење во пакувана форма е резултат на повеќе фактори, меѓу кои доминираат социодемографските. Секако дека право на избор на секој човек е што ќе користи и тоа треба да му се овозможи, но самото користење пакувана вода не значи дека водата од водоводот не е квалитетна. Kвалитетот се следи на основа на законски и подзаконски акти во кои се лимитирано присуството на поедини компоненти. Тие се изведени од европските директиви, кои, пак, се донесени според критериумите на Светската здравствена организација. Водата се контролира во акредитирана лабораторија, а безбедноста на корисниците е гарантирана. Друго е прашањето за квалитетот на цевките. Сите вградени цевки во магистралните цевководи ги задоволуваат највисоките стандарди. Има еден мал дел азбестни цевки и кога се вградувани за нив важеле одредени прописи што ги задоволувале. Не е точно дека азбестот е штетен како материјал за транспорт на вода. Тој е штетен за човековото здравје кога е внесен во организмот со дишењето. Според критериумите на СЗО и ЕУ-директивите, како и според нашите законски и подзаконски акти, не е лимитирано влијанието на азбестот во водата, а муабетите се во границите на шпекулација.

Ќе се променат сите азбестни цевки

Бигорот во водата е структурна компонента што ја прави водата средно тврда. Точно е дека кога ќе се користи како техничка има одредени влијанија, но како вода за пиење нема никакви негативни влијанија, туку напротив. Во скопската вода има мало количество натриум, околу 10 мг/л, што ја чини добра за диети. Најголем доказ за исправноста на водата е што во последните 50 години при секое испитување не е променет ниеден параметар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top