Средношколци од неколку училишта во Скопје денеска протестираа поради задолжителното полагање математика во државната матура. Тие се собраа пред фонтаната во Градскиот парк, од каде што го продолжија протестниот марш пред Министерството за образование и наука.
Од Средношколскиот пленум бараат враќање на стариот концепт на државна матура, а Законот за екстерно тестирање да биде ставен во мирување.
Освен средношколците од Скопје, протести најавија и нивните врсници од другите градови низ државата. Со најновиот концепт за државна матура се предвидува математика да биде трет задолжителен предмет за полагање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.