Поранешниот универзитетски професор, 40-годишниот Абу Азраел, наречен aнгел на смртта, станал легенда меѓу ирачките војници кои се борат против Исламската држава. Брадестиот и храбар војник, со секира и автомат во рацете, е главен лик на постерите на бригадата „Имам Али“, ирачка шиитска милиција која е финансирана од иранската држава.
Неговите профили на социјалните мрежи имаат повеќе од 250.000 следбеници. Абу Азраел сака да позира и да се фотографира, па објавени се голем број фотографии на кои овој „колосален војник“ храбро чекори на боиштето со тешко вооружување. Меѓу ирачките милитанти тој, исто така, е познат како ирачкиот Рамбо.
Изгледа дека има и смисла за хумор, па било објавено видео на кое преку заробено токи-воки ги навредува џихадистите од Исламската држава.
Шиитската милиција моментално се бори на страната на ирачката војска за да го вратат градот Тикрит, кој бил освоен од Исламската држава, пишува „Дејли меил“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




