| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободете се од стриите на природен начин

Стриите се резултат на растегната кожа и еден од најчестите проблеми поврзани со убавина кој ги мачи жените. Најчесто се јавуваат на стомакот, колковите, бедрата и градите, но можете да се ослободите од нив на природен начин.

– Масло од витамин Е е едно од најдобрите решенија за отстранување на стриите. Два пати дневно масирајте ги проблематичните делови со масло и наскоро ќе забележите дека се побледи.

– За маслото да биде делотворно при отстранување на стриите, важно е да бидете упорни и редовно да ги мачкате проблематичните подрачја за да видите резултати.

– Лимонов сок нанесете на стриите. Оставете да дејствува 10 минути, а потоа исплакнете.

– Природни масла користете секојдневно. Со маслиново, кокосово или бадемово масло секој ден негувајте ги проблематичните делови за да ги спречите постојните и да спречите создавање нови стрии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top