| четврток, 6 декември 2018 |

Манасков си оди од Вецлар, доаѓа Миркуловски

Филип Миркуловски ќе игра во Вецлар во следните две сезони, а интересен момент се случува во германскиот ракометен клуб. Дејан Манасков, кој сега игра во Вецлар на лето си заминува и ќе игра за Вардар, а доаѓа неговиот поранешен соиграч од Металург Миркуловски.

„Голема чест од Вецлар. Треба да го заменам ракометниот „Моцарт“. Голема чест, но и одговорност. Од јуни, две сезони во дресот на Вецлар“, објави Миркуловски на својот профил нафејсбук.

filip mirkulovski

Филип игра за Хановер, со тоа што договорот му истекува летово и во Вецлар го планираат како замена за Ивано Балиќ. Договорот меѓу Миркуловски и новиот клуб е со важност во следните две години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top