Кели Мек Кини е девојка од Манчестер, а со обвинувањата го здрма фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед. За англиски медиум Кели објави дека добила понуда тежка 10 илјади фунти од талентот на „црвените ѓаволи“, Андреас Переира за секс во тројка. Переира кој е Бразилец и има 19 години и напишал порака на Мек Кини дека тој и Педи Мек Неир се подготвени да и платат по половина сума, односно по 5 илјади фунти за секс во тројка.
„Ќе се погрижиме за тебе. Кажи колку бараш? Ние двајца сме подготвени да ти платиме по 5 илјади фунти„, напишал Переира. Кели изјави дека се чуствувала засрамено, бидејќи воопшто не давала повод со своето однесување да добие ваква порака.
„За малку ќе паднев од столчето, кога ја прочитав пораката. Каков мизерен живот има ваква личност, кога нуди пари за секс со некого“, изјави Мек Кини.
Переира и Мек Неир се тинејџери од Академијата на Јунајтед, а веќе дебитираа сезонава за сениорскиот состав во натпреварите од Премиерлигата и англиските купови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.