Дрејк, Ален Делон и Обама, се мажите по кои Мадона воздивнува, но никогаш нема да ги има.
– Еден од моите соништа е да излезам на состанок со Дрејк и едноставно да го бакнам. Незнам, па може и да случи тоа. Ми се допаѓа Дрејк, прави одличен рап и е многу интересен маж, вели Мадона, која во последно време симнува слој по слој од своето „јас“ и си ја отвара душа.
– Друг таков специјален маж во мојот живот, ама навистина многу посебен, е Ален Делон. Вљубена сум во него од ученичка и мислам дека сеуште сум. Но никогаш не сум се сретнала со него. Еднаш за малку ќе се сретневме. Имав концерт во Копенхаген за време на мојата последна турнеја, кога Ален Делон ми заѕвони на телефонот. Полудев од среќа!
– Но најмногу би сакала да се сретнам со Барак Обама. Зошто не ме покани во Белата куќа? Веројатно ме смета за премногу скандалозна, за да го направи тоа. Но сигурно ќе ме поканеше, ако бев мажена за Џеј Зи. Ако Џеј Зи ме земе за втора сопруга, сигурно ќе добијам покана од Обама, вели Мадона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






