| четврток, 6 декември 2018 |

Гоце Смилевски гостин на „Креативна Европа“ на Саемот на книгата во Париз

На Меѓународниот саем на книгата во Париз, кој се одржува од утре до 23 март, Гоце Смилевски ќе биде гостин на „Креативна Европа“, програма за култура на Европската Комисија.

Утре (20 март) на централниот претставувачки пункт на саемот, наречен „Авторска сцена“, ќе настапат француската писателка Лоранс Плазне, полскиот автор   Пјотр Пазински, и Гоце Смилевски, сите тројца добитници на Наградата за литература на Европската Унија.

Во текот на саемот, Гоце Смилевски на штандот на издавачот „Белфонд“ од Париз ќе потпишува примероци од романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“, објавен на француски јазик во превод на Харита Вибрандс.

Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ наскоро ќе биде објавен и во џепната едиција на ексклузивниот француски издавач „10/18“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top