Почестите за најдобар играч на вчерашниот меч на Камп Ноу меѓу Барселона и Манчестер Сити отиде зад името на Лионел Меси. Сепак според многумина најдобриот синоќа беше голманот на „граѓаните“, англискиот репрезентативец Џо Харт.
Меси не штедеше пофални зборови за играта на Харт со напомена дека тој беше фантастичен.
Тој беше исклучително расположен, бранеше буквално се, а успеа да скроти дури 10 удари кон неговиот гол, а некои од нив беа и во ситуација еден на еден.
– Беше феноменален. Секоја топка успеа да ја скроти. Му честитам за извонредната партија, а секако Џо е и фантастичен голман – изјави Меси, а со остата оценка се сложи и Андрес Иниеста.
– Харт беше нивниот клучен играч. Ги држеше во живот сите 90 минути. Беше феноменален во ситуации еден на еден – истакна Иниеста.
Колку Џо Харт одигра феноменално може да е види на следните видеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)