Карлос Тевез го постигна најубавиот гол во осминафиналната рунда од Лигата на шампионите, а торпедото на Аргентинецот го проби и звучниот и жолтиот ѕид во Дортмунд.
Вистински проектил од место што донесе потполна тишина во третата минута од реваншот меѓу Борусија и Јувентус, особено невообичаена за делот од трибините каде се најверните навивачи на домашниот тим. Популарно наречен жолт ѕид од симпатизери на Борусија, познат како еден од најбучните фудбалски копови во Европа. Спектакуларен во секој поглед, но овојпат мораа да му аплаудираат на мајсторот за голови на Карлос Тевез.
Подоцна напаѓачот на Јувентус постигна уште еден погодок со кој ја запечати блескавата победа на старата дама од Торино и пласманот во четвртфиналето.
Погледнете го прекрасниот прв гол на Тевез во третата минута и сите останати од мечот меѓу Борусија и Јувентус, како и единствениот погодок на реванш мечот меѓу Барселона и Манчестер сити, дело на Иван Ракитиќ.
Dortmund 0 -3 Juventus – Champions League… by Football–Live
Barcelona 1 – 0 Manchester City All Goals and… by ViralDailyTV
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)