| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Инвеститорите избираат локална власт каде што би инвестирале

груевски говорИмаме проверени луѓе, проверен начин на работа, методологија  и филозофија на работење на ВМРО-ДПМНЕ. Ние ветуваме конкретни дела, a тие се запишани и во програмата на Зоран Ѓорѓиевски и на ВМРО- ДПМНЕ. Тие конкретни дела ги имате запишано во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од претходните избори зад кои стоиме, кои ги работиме,  дел од нив се завршени, а дел ќе се завршат, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на предизборниот митинг во Куманово. Програмата на Зоран Ѓорѓиевски предвидува многу проекти, еден е и отворање индустриска зона, со што ќе се привлечат нови инвестиции и ќе се отворат нови работни места. Сакаме нашите напор да резултираат со отворање нови фабрики и погони каде што ќе се вработат луѓе од овој град – рече Груевски во Куманово.

Тој додаде дека овие години, во услови на криза, се прават максимални напори за да привлечат странски инвеститори, намалени се даноците и трошоците за инвестирање како чекори за подобрување на условите за правење бизнис.

– Направивме сѐ за да ги привлечеме инвеститорите, но избираат каде ќе градат, но и каде каква локална власт има и не случајно тешко се одлучуваат за да градат во Куманово затоа што тука гледаат еден поинаков однос, луѓе кои гледаат личен, а не државен и народен интерес треба да си заминат и да дојде нов тим и ќе се борат да донесат повеќе инвеститори – посочи Груевски.

Во дел од проектите е и реконструкцијата на сточниот пазар, доизградба на секундарна канализациска мрежа, изградба на спортски сали, детско одморалиште, како и изградба на повеќе спортски игралишта.

– Сите идеи беа ставени на маса и беа анализирани, така составивме една внимателно подготвена програма, програма во која внимаваме да не ветуваме нешто што не можеме да го реализираме, програма со која нема да се срамиме – порача Груевски посочувајќи дека, за разлика од нив, Дајмановски има многу работи за кои заслужува да се засрами.

– Дамјановски вети, а не оствари решавање на сообраќајниот хаос преку катни гаражи, вети, а не оствари решавање на проблемот со водовод и канализација, како и дислокација на депонијата, вети, но не ја оствари изградбата на општинска зграда, дури и базенот кој го ветил воопшто не го остварува со предвидената динамика – истакна Груевски посочувајќи го како најеклатантен пример за лошото работење, поскапувањето на цената на водата на ЈП „Водовод“ со кое раководи кумашинот на Дамјановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top