| четврток, 6 декември 2018 |

„Средниот прст“ на Варуфакис бил монтиран

Yanis_Varoufakis_finger_video_fake_truth_video_royaleГермански телевизиски водител призна дека го монтирал видеозаписот, на кој грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис ѝ покажува среден прст на неговата земја, јави ДПА.

Во видеозапис објавен синоќа на страницата на јавната телевизија „Цет-Де-Еф“, Јан Бомерман, насмеан, признава дека навредливиот гест е монтиран од него. Бомерман потоа објаснува како го монтирал видеозаписот.

Актуелниот грчки министер за финансии е познат по острите позиции. Во неделата вечер во политичка емисија на германската телевизија „А-Ер-Де“, беше објавено видео на кое Варуфакис, кој како професор по економија ѝ покажува среден прст на Германија на конференција во Загреб во 2013 година.

Случајот предизвика скандал, што дополнително ги затегна односите меѓу Грција и Германија. Варуфакис категорично ги отфрли ваквите обвнувања, оценувајќи го видеото како фалсификат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top