Јапонија ја потврди смртта на тројца свои државјани во вчерашниот терористички напад во Тунис, пренесоа медиумите повикувајќи се на изјавата на премиерот Шиндѕо Абе.
Тој информира и за тројца ранети Јапонци во нападот и изрази сочуство на семејствата на жртвите.
Непосредно пред тоа, јапонскиот министер за надворешни работи, Фумио Кишида, ја потврди смртта на еден јапонски државјанин. Тој, исто така, информира за тројцата ранети.
Претходно премиерот на Тунис, Хабиб Есиб, зборуваше за петмина убиени Јапонци во нападот.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, и Советот за безбедност на светската организација, во одделни изјави, остро го осудија терористичкиот напад. Советот за безбедност изрази увереност дека нападот нема да го оттргне Тунис од неговиот пат кон демократрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември