Бони Вер е британска медицинска сестра која се грижела за луѓето во нивните последни недели од животот. Таа признава дека на смртната посела луѓето жалат по слични работи во животот кои не ги направиле. Пет работи се најчести по кои жалат:
5. Да си дозволев да бидам посреќен
– Многумина пред крајот на животот сфаќаат дека среќата е право на избор. Поради страв од промени, глумат дека се среќни и задоволни. Но, чезнеат да се смеат и да имаат право на лудории.
4. Да останев во контакт со пријателите
Многу луѓе не ја сфаќаат вистинската вредност на пријателството се додека не ги загубат пријателите од младоста.
3. Да имав храброст да ги изразам своите чувства
Луѓето ги поттиснуваат чувствата за да го одржат мирот со другите. Тој живот најчесто се опишува како „средна жалост“. Никогаш не успеваат да станат она што би можеле да станат. И многумина на крај ќе се разболат од огорченост и повреденост која никогаш не знаеле да ја изразат или да ја разрешат.
2. Да не работев толку многу
– Ова ми го кажа секој машки пациент што го негував. И жените тоа знаеја да го кажат, но без исклучок, ова беше реченица на секој маж – вели медицинската сестра.
1. Да живеев како што јас сакав, а не како што сакаа другите
Ова е најчеста причина за тага на лицата кога умираат. Здравјето носи слобода за која малкумина се свесни, се додека не го загубат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.