Кривичниот суд недоамна донел одлука од седум години казна затвор за 39-годипен скопјанец, кој на 17 ноември 2012 нападнал двајца учесници на Маршот на толеранцијата на плоштад Македонија, објави „Канал 5“.
При одбележување на Денот на толеранцијата, насилникот прво нападнал еден од учесниците и го удирал со тупаници, а потоа физички се пресметал и со вториот кој сакал да го одбрани својот другар. Потоа направил материјална штета кршејќи ги штандовите со промотивен материјал и предизвикал општа несигурност кај останатите присутни. Првостепената одлука не е правосилна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија



