Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон дале оглас за нова куќна помошничка. Како што пренесува магазинот „Пипл“ огласот кој бил објавен на порталот „The lady“ наводно го напишала самата Кејт Мидлтон , а во него бараат помош за грижа околу нивната куќа во Норфолк во Англија.
Во огласот пишува дека личноста треба да има претходно искуство во домашните работи. Од личноста се очекува да ја чисти куќата, да се грижи за облеката, повремено да готви и да се грижи за децата и кучињата.
Британските медиуми знааат да бидат малку непријатни со коментари, а кога кралското семејство е во прашање особено се брутални. Многумина нагодуваат дека Кејт одлучила дека и треба помош поради тоа што е во поодмината бременост со своето второ дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



