Фудбалерите на Барселона сакаат да ја избегнат замката наречена „Ел Класико“, односно да не мислат на дуелот со Реал Мадрид, пред да го заверат печатот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, вечерва во реваншот со Манчестер сити.
Навидум Каталонците се веќе меѓу осумтте најдобри по победата во Англија од 2-1, но тренерот Луис Енрике и сите играчи истакнуваат дека ништо не е готово.
„Со еден добар меч не можете да се квалификувате во четвртфинале во натпреварување какво што е Лигата на шампионите. Не сакам ниту да говороам за Ел Класико, односно за мечот со Реал Мадрид. Исклучиво сме посветени на реваншот против многу квалитетен тим од калибарот на Манчестер сити“, изјави Енрике.
По реваншот со Сити, Барселона ќе го игра вечното дерби на Шпанија со Реал Мадрид.
Лани каталонскиот клуб со две победи го елиминира Манчестер сити во истата фаза од ЛШ.
Вечерва ќе гори Дортмунд, а популарните „милионери“ од Борусија, очекуваат френетична поддршка од жолтиот ѕид на Вестфален арена, или како што сега се нарекува „Идина Сигнал Парк“.
„Навивачите се нашата сила. Јас сум тука 7 години и секогаш кога ќе ја почуствувам атмосферата на стадионот се чуствувам возбудено. Вечерва ни треба максимум од трибините, во што не се сомневам, за да го надмудриме Јувентус. Ове е еден од најголемите предизвици во историјата на Борусија“, изјави Јирген Клоп.
Борусија има негатива од 1-2 од првиот меч, но и прекрасни спомени од единственото финале против старата дама од Торино од 1997 година. Тогаш Борусија славеше со 3-1 и го освои единствениот трофеј во КЕШ, сега преименуван во ЛШ.
Борусија има 11 победи на последните 14 натпревари во ЛШ на свој терен, а Јувентус само 8 пати бил елиминиран во 39 обиди, кога го добил првиот меч на домашен терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




