| четврток, 6 декември 2018 |

Шојбле: Грција има сè помалку време

сојбле

Грција има сè помалку време, изјави денеска на прес-конференција во Берлин германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, говорејќи за новиот германски план за трошење на пари од државниот буџет, Шојбле рече дека времето тече за Грција, која не сака нова, трета по ред, програма за штедење и се обидува да издејствува нови услови за спроведување на мерките наметнати од „тројката“.

– Имаме чувство дека сите што се занимаваат со ова прашање го делат мислењето дека времето за Грција истекува. Тие очигледно имаат одредени проблеми – изјави Шојбле.

Шојбле пред една недела беше остро нападнат од грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, кој го обвини дека намерно ги „загадува грчко-германските односи“.

Ваквата реакција на Каменос, дојде откако Шојбле го смени ставот и изјави дека излезот на Грција од еврозоната веќе не е невозможна опција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top