| четврток, 6 декември 2018 |

Библиотеката во Бабино ќе го збогати книжниот фонд

Здружение Библиотека АЛ-БИ од село Бабино во општина Демир Хисар ќе го збогати книжниот фонд на библиотеката со научни изданија, со поддршка од Министерството за култура.

– Се предвидува фондот од 20.000 наслови во библиотеката да се збогати со нови, пред се во областа на медицината, биологијата и археологијата. На тој начин дополнително ќе порасне довербата на нашите читатели и посетители, а библиотеката ќе добие дополнителна научна вредност, соопшти АЛ-БИ.

Оваа година првпат ќе се реализира и проект за дизајнирање и изработка на етно сувенири во промотивна функција. Тие ќе бидат направени од различни материјали со што, посочува АЛ-БИ, ќе се поттикне креативноста на локалното население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top