| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: Не е можно зад прислушувањата да не стои странска служба, душманите ликуваат

Душманите и тие што очекуваат да се распаднеме – ликуваат. Од сето тоа произлегуваат сериозни последици за секој наш граѓанин. Што да кажеме, освен – браво СДСМ! Само така продолжете! Сечете ја гранката на која сите седиме!, вели политичкиот аналитичар Ристо Никовски во интервјуто за Телеграф.

Телеграф: Повеќе од еден месец опозицијата објавува снимени разговори во кои, како што тврди, се докажува криминал и изборни нерегуларности. Сепак, како вие ги толкувате овие снимки, како тие влијаат врз македонското општество?

– Гарантирањето на приватноста е едно од најосновните човекови права. Во конкретниов случај, тоа е грубо повредено. Во прашање е тежок криминал за кој мора да се одговара. Ние сме сите сеирџии ама со тоа ги кршиме законите. Чудно е што надлежните органи ништо поконкретно не преземаат. Ако прошверцуваш 10 пара чорапи, ти ги конфискуваат и одиш на суд, а сега е пробиен безбедносниот систем на земјата и никому ништо. Нелегални документи слободно и јавно се дистрибуираат!

Никој нормален не ги вади своите нечисти алишта на улица и не мафта со нив. Штетата што ѝ е направена на државата е длабока, долгорочна и непресметлива. Земјата стана тема на странските медиуми и на разни форуми, во најнегативна конотација. Ако тоа беше целта на СДСМ, ја постигнаа! Меѓународниот рејтинг ни е намален сигурно за добри проценти. Тоа ќе се одрази и на решавањето на проблемот со името, и  на странските инвестиции, а не само на приближувањето кон Унијата.

Душманите и тие што очекуваат да се распаднеме – ликуваат. Од сето тоа произлегуваат сериозни последици за секој наш граѓанин. Што да кажеме, освен – браво СДСМ! Само така продолжете! Сечете ја гранката на која сите седиме!

Телеграф: Кога станува збор за снимките, кој момент е побитен: Кој ги направил или што е нивната содржина?

– Кога нешто е илегално, останува такво и нема употребна вредност. Тие не се судски доказ, а опозицијата сама потврди дека ги фризира, брише (делот за Црвенковски), комбинира, сече… Тоа е само дополнителен криминал, заедно со фактот што се објавуваат само селектирани разговори на личности од власта. Каде се другите? Зошто се дава еднострана слика за приватните карактери и однесувања на луѓето? Зошто не дозволуваат да се ѕирне и во спалните на лидерите од опозицијата? Та, нели власта нелегално снимала? Зарем само самата себеси? Сè заедно – од криминал, до криминал… До гуша.

Ова што се прави е во најмала рака – срамота. Пред сè за тие што го дистрибуираат. Не е ниту теоретски можно зад сето ова да не стои странска служба. Тоа е апсолутно исклучено. А, домашните измеќари, ќе си останат бербат засекогаш. Ако не се изврши генерална смена на водството на СДСМ, партијата ќе отиде на буништето од историјата. Тоа ќе биде штетно за земјата, ама сами си го бараат. Нивните здрави сили се на потег.

Целото интервју прочитајте го на Телеграф

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top