| четврток, 6 декември 2018 |

Меси против Роналдо во Лигата на шампионите, нерешено 75-75

Лионел Меси вечерва има шанса повторно да биде осамен на врвот на вечната листа со најдобри стрелци и да го остави Кристијано Роналдо зад себе. Двајцата врвни голгетери засега се заедно на првото место со по 75 погодоци, но Меси има еден натпревар помалку, вечерва против Манчестер сити во реванш осминафиналето на „Камп Ноу“.

Во целата сторија има безброј интересни приказни, необични детали, а дуото сезонава го претркаа Раул Гонзалес на првото место на листата со најдобри стрелци во елитното клупско натпреварување.

Mesi-i-Ronaldo

Меси само двапати бил поразен со Барселона, кога бил стрелец за Каталонците во Лигата на шампионите. Аргетнинскиот ас постигна 5 хет-трика, а и двајцата извонредни напаѓачи постигнале по два гола во финалињата на ЛШ.

Роналдо дури 20 пати во серијалот од 75 погодоци, постигнувал два или повеќе голови на еден меч и што е најинтересно доцна ја почна гол авантурата. Првиот погодок во Лигата на шампионите популарниот ЦР7 го постигна дури на 30. натпревар во континенталното натпреварување што се цени најмногу во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top