| четврток, 6 декември 2018 |

Принцезата Шарлин се исели од палатата

Princess Charlene gave birth to baby twins

Принцезата Шарлин од Монако, која пред три месеци ги роди близнаците Габриела и Жак, пред неколку дена ја напуштила палатата каде живееше со принцот Алберт, по што веднаш се појавија гласини дека нивнот брак е во криза.

Меѓутоа, резиденцијата на принцот од Монако веднаш ги демантира ваквите гласини.

sarlin 3

– Палатата се реновира, па има многу работници и многу бучева. Повеќе наликува на градилиште, отколку на дворец каде принцот и принцезата би можеле да живеат со своите потомци, се вели во соопштението од Палатата.

Според „Пари Мач“, реновирањето на палатата го побарала самата Шарлин.

– Таа сакаше палатата да биде по нејзин вкус и да се модернизира, а за тоа ќе биде потребно подолго време, наведува весникот, додавајќи дека „дворецот на Шарлин“ ќе изгледа многу поинаку во однос на неговиот сегашен изглед, што пред 30 години го осмисли мајката на принцот Алберт, принцезата Грејс Кели од Монако.

Принцезата Шарлин во моментов заедно со децата се наоѓа во куќа на француската ривиера, а во палатата би требало да се врати на 10 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top