Династијата Монако ја сочинуваат принцот Алберт Втори, принцезите Каролина и Стефани и тие годинав ќе го бојкотираат Филмскиот фестивал во Кан, бидејќи сметаат дека филмот „Грејс од Монако“ го искривува вистинскиот живот на принцезата Грејс Кели.
Целта на филмот не била реално да го прикаже животот на Грејс Кели, принцот Рајнер и нивните три деца, туку комерцијализација и искривување на историјата.
Во напишаното соопштение на принцот и принцезата се наведува дека е игнорирана поддршката која тие ја дале при пишување на сценариото за филмот, како и дека тие нема да присуствуваат на отворањето на фестивалот во Кан.
Филмскиот фестивал во Кан ќе почне на 14 мај, надвор од натпреварувачката проекција со филмот „Грејс од Монако“ на францускиот кинематограф Оливер Дохан, во кој е прикажана приказната за Принцезата од Монако, познатата глумица Грејс Кели, која загина во сообраќајна несреќа, а чиј лик е познатата глумица Никол Кидман.
Принцезата од Монако загина во сообраќајна несреќа на 14 септември во 1982 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура