| четврток, 6 декември 2018 |

Принцезата од Монако роди близнаци

Принцезата Шарлен од Монако (36), се породи денеска и донесе на свет близнаци – Габриела и Жак. Породувањето во болница во Монако поминало добро – мајката и бебињата се во добро здравје.

Ова се први деца на принцот Алберт Втори (56) и принцезата Шарлен по нивното стапување во брак на 2 јули 2011 година.

Веста за бременоста беше потврдена од палатата во текот на октомври, со што беа потврдени инфромациите на јужно-африканскиот весник Дерек Ватс, дека идните родители „се среќни да ја потврдат веста дека чекаат близнаци во нивниот дом за на крајот од годинава“.

Принцот Алберт неодамна објаснуваше дека не сакал да го знае полот на близнаците пред да се родат. Тој притоа рече дека принцезата Шарлен знаела, но таа ја чувала тајната, како што тој побарал од неа.

Според протоколот за раѓањето на принц или принцеза во Монако, доаѓањето на свет на близнаците ќе биде одбележено со 42 топовски плотуни, дваесет и еден за секое дете, потоа ќе заѕвонат камбаните на сите цркви, во тек на петнаесет минути, како и сирените на бродовите, стои во текстот на официјалниот веб сајт на палатата.

Новороденчињата, според традицијата, ќе им бидат претставени на жителите на Монако на плоштадот пред Палатата, неколку дена по раѓањето. Додека за сите лица кои работата во Монако ќе им биде даден еден ден одмор за да ја прослават убавата вест.

Подароците за бебињата, родителите поскауваат да бидат во пари, за да можат потоа да им ги поделат на здруженија по нивни избор.

Засега на официјалните страници на палатата и на владата на Монако нема потврда за радосната вест.

На веб страницата на локланиот весник „Монако-Матан“ е објавена веста и имињата на бебињата Габриела родена во 17:04 и Жак во 17:06.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top