На Куманово му се потребни промени кои неизмерно сите ги посакуваат. Промени кои ги сакаат невработените, оние граѓани што во 21 век немаат водовод, промени кои ги поддржуваат и посакуваат и оние што досега не помислувале на друга политичка партија, а сега ја сакаат нашата, се обрати кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за Куманово, Зоран Ѓорѓиевски, на митингот.
Промовирајќи ја програмата, истакна дека градот ќе заживее со ревитализација преку нови дела за нов напредок, за подобро Куманово.
– За генерациите што доаѓаат ќе оставиме дела. Ќе отвориме нови работни места и ќе работиме на решавање на проблемите со водоснабдувањето бидејќи така ќе имаме траен бенефит од проектите. Ќе се направи индустриска зона, планирана е изградба на три спортски сали, три градинки. Целосно ќе се реконструира градскиот стадион, а ќе се изгради нова автобуска станица и нов зелен пазар. Ќе работиме на изградба на нови водоводни и канализациски системи, ќе се градат три кружни тека, а ќе се воведе ред во сферата на урбанизмот и сообраќајниот хаос – нагласи Ѓорѓиевски.
Тој вели дека е убеден оти со поддршката од централната власт тој и неговиот тим ќе ги имаат сите предуслови успешно да ја водат општината заедно со граѓаните. Порача дека локалните избори не се за доктор Зоран Ѓорѓиевски, туку избори за Куманово и за сите оние што посакуваат подобри денови за Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.