Двонеделниот штрајк на судиите во Косово, големите поделби во обвинителството и неизборот на главен обвинител, Косово го води кон анархија, пишува приштинскиот весник „Зери“.
Судиите во Косово штрајкуваат од 3 март барајќи нивните плати да се зголемат за 25 проценти заради опасностите во нивната работа, пишува весникот.
Претседателот на Судскиот совет на Косово, Енвер Пеци, ја обвини Владата дека не ги разгледува сериозно барањата на судиите и затоа ситуацијата во земјата се развива во опасен правец, пренесува БТА.
Весникот пишува дека иако уште на 23 февруари предлогот со името на новиот главен обвинител на Косово, Александар Лумези, беше доставено до кабинетот на претседателот Атифете Јахјага, тој се уште не е назначен на функцијата.
Фисник Кореница од Групата за истражувања правни и политички прашања, за „Зери“ изјави дека причината за сетоа ова што му се случува на косовското правосудство е мешањето на политиката во независниот правосуден систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


