Фудбалскиот клуб Парма се повеќе тоне, а на финансиските проблеми се приклучија и апсењата на дел од челните луѓе. Притворен е претседателот на Парма Џампјетро Маненти во исттрага што вклучува уште 21 лице.
Маненти е обвинет за плаќање на нелегални пари во клубот и лажни финансиски извештаи. Сега повторно е сериозно доведено во прашање понатамошното учество на Парма во Серија А.
Лигата успеа некако да го спаси клубот пред две седмици, за да се задржи регуларноста во Калчото, но овие нови проблеми би можеле да бидат клучни за конечно исклучување на Парма од Првата италијанска лига. Во текот на утрешниот ден Маненти треба да биде изведен пред истражен судија, а Парма во следното коло игра против Торино на домашен терен. Но, за организацијата на мечот се потребни нови 40.000 евра, а во овој момент нема кој да ги плати, па неизвесно е одржувањето на мечот. Парма и претходно поради слични проблеми го одложи дуелот со Удинезе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драстични промени во италијанската Серија А од следната сезона
-
Со двата гола на Брозовиќ, Интер го совлада Беневенто (Видео)
-
Наполи со пресврт го совлада Лацио, Јувентус со минимална победа против Фиорентина
-
Милан и Интер убедливи на стартот на новата сезона, Лацио не успеа да го совлада новајлијата Спал