Бројните и скапи засилувања очигледно вродија со плод кај Милан, па откако „росонерите“ по убедливата победа над Шкендија одлично го стартуваа и новиот шампионат во Серија А. Тимот на Винченцо Монтела рутински славеше со 0-3 на гостувањето против Кротоне, меч решен во првите 23 минути во кои гостите постигнаа три погодоци. Андре Силва остана на клупата за сметка на Кутроне, а младиот италијански голгетер максимално ја оправда довербата, најпрвин над него беше направен пенал (за црвен картон), за потоа со гол и асистенција да покаже дека сериозно може да се смета на неговите услуги.
Импресивен старт на сезоната имаше и Интер, кој славеше со 3-0 над Фиорентина. Резултатот не е премногу убедлив колку што беше играта во првото полувреме, со која „нероаѕурите“ под водство на Лучијано Спалети делуваат многу подобро во однос на претходните сезони. Иван Перишиќ постигна два гола и имаше една асистенција (до Икарди), со што Хрватот на најдобар начин покажа зошто Жозе Мурињо толку инсистираше да го одведе во Манчестер јунајтед.
Лацио и покрај тоа што важеше за голем фаворите против аутсајдерот Спал, не успеа да го скрши новајлијата во Серија А и ги разочара своите навивачи со конечните 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.