По повод 85-годишнината од раѓањето на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на 19 март, четврток, во 12 часот ќе се одржи промоција на Избраните дела во десет томови од овој автор, што ги објави Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје.
На свечениот чин воведен збор ќе има академик Владо Камбовски, претседател на МАНУ, а делата ќе го промовираат Георги Старделов, Катица Ќулафкова, Димитар Пандев, Симо Младеновски и Раде Силјан, главен уредник на изданието.
Во оваа пригода ќе биде организирана изложба на објавените дела на Ристовски, која ќе ја отвори академик Витомир Митевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.