Германија започна истрага за членови на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад кои се под сомнеж дека извршиле злосторства против човештвото, изјави германскиот јавен обвинител Харалд Ранге, без да објави повеќе детали.
Истрагите се засноваат врз кодексот за кршење на меѓународното право, што вклучува злосторства против човештвото и воени злосторства.
Експертите на ОН, кои водат истрага за воените злосторства во Сирија, денеска соопштија дека се подготвени да и достават имиња и детали од својот таен список со осомничени лица на секоја истражна институција, која ги документира делата. Тоа ќе биде можност извршителите на убиствата и малтретирањата од сите инволвирани страни во конфликтот да бидат исправени пред суд.
– Бројот на истражни процедури во Германија против наводни исламистички екстремисти и борци, кои се вратиле во својата татковина од џихад од Сирија и Ирак, се зголемил за околу 50 отсто од почетокот на годинава – објасни германскиот јавен обвинител.
Германската Влада е сериозно загрижена од екстремистите кои се враќаат, обидувајќи се да спречи евентуални терористички напади во земјата.
Според разузнавачките служби околу 6.000 џихадисти заминале од Германија во Сирија, а околу 60 загинале во борбите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.