| четврток, 6 декември 2018 |

Косовските лекари бараат плата од 1.500 евра

лекари

Косовските лекари бараат месечна плата идентична со пратениците или 1.500 евра за да не работат и во приватниот сектор,  јави дописникот на МИА.

Ваквото барање произлегува од анкетата спроведена од Федерацијата на синдикатот на здравството. Претседателот на ова асоцијација, Блерим Сула, вели дека здравството треба да биде приоритет за Владата,имајќи го во предвид неговото значење.

– Лекарите во Косово, специјалисти или не, без оглед дали работат во примарното, секундарното или терцијалното здравство добиваат идентична плата. Најдобро решение е да се изврши нивелирање на платите врз основа на степенот на завршено образование. Тогаш лекарите ќе изберат меѓу приватното и јавното здравство. Косово е уникатен случај бидекјќи платата на лекарите во државните инситуции е линеарна – вели Сула.

Месечната плата на лекарите специјалисти во Косово изнесува околу 600 евра, додека средномедицинскиот кадар има плата од околу 300 евра. Лекарите во јавното задравство не се задоволни од моментната финансиска состојба и поради тоа се почесто работат и во приватните здравствени институции.

Косовските пратеници имаат месечна плата од над 1.500 евра, а користат и дополнителни материјални средства за секоја нивна активност. Месечната плата на другите категории граѓани во Косово се движи од 130 до 400 евра.

Како последица на ниските плати и неповолните услови во здравствениот сектор, само во последните три години Косово го напуштиле над 400 лекари. Тие главно се вработени во земјите од ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top