Македонскиот преставник во ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција ЖРК Вардар го одреди терминот за одигрување на првиот натпревар од четвртфиналето против унгарскиот преставник Ѓер.
Мечот е закажан за 4. април в сабота со почеток од 19 часот во домот на вардардки во СЦ „Јане Сандански“. ЕХФ сеуште ги нема одредено официјалните лица за првиот дуел, судиите и делагатите на натпреварот. Според тежината на овој натпревар се чини дека ЕХФ ќе додели повеќе контролори бидејќи се работи за дерби во четвртфиналната конкурецнија.
Ѓер возвраниот дуел сеуште го нема закажано со официјален термин а тоа мора да го стори во треминот од 10. до 12. април. Точниот датум и време секако го одредува домаќинот.
Подобриот од овој двомеч ќе се пласира за завршниот фајна-фор турнир што и годинава се организира во Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.