| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров гo посвети бодот на ќерката Лана

Секогаш ќе се бориме за Македонија, сега да се одмориме добро и да го дадеме максимумот против Данска од нас, вели Лазаров

stole i kireОвој голем бод за нас, кој не остава во игра за пласман на второто или третото место го посветувам на мојата ќерка Лана. која денес полни5 години. Да е жива и здрава-  рече капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров по мечот.

Понатаму додава:
-Покажавме карактер, покажавме борба, покажавме дека бевме во грч претходните три натпревари.Овој тим на Русија е посилен од оној во 1998 година со кого нашата генерација предводена од Пепи Манасков ремизираше. Сигурно поквалитетна од генерацијата која ја совладавме во Вараждин пред четири години и затоа треба да се издвои нашиот резултат. Растеме во формата, веруваме во себе и уште еднаш покажавме карактер против еден многу силен противник.  Мислам дека ни значи овој бод, математички не држи во игра. Ова е Македонија, вака треба да се игра, да се бори, затоа што сите имаме две раце и две нозе и без разлика на нивниот квалитет и бројноста на жители по држави. Значи ние секогаш ќе се бориме за Македонија, сега да се одмориме добро и да го дадеме максимумот против Данска од нас. Се договоривме да дадеме се од себе, затоа што утре имаме ден одмор, па макар и утре не тренирале да се одмориме и двата бода против Данска може да не донесат до она посакувано место за да ја избегнеме Франција во осминафиналето. Без разлика на се, со борба и со желба може се да се постигне. Треба да се верува. Некогаш може да има слаб ден, некогаш добар ден, но никој не може да ти одземе да се бориш. Треба да се бориш, да се фрлаш, па макар изгубил 10-12 топки. Ние денеска имавме карактер, имавме добри поединци, тие поединци знаеа да промашат и пак да се вратат, затоа што веруваа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top