Македонската група „Тајфата“ на Никола Јанков од „Дуле и Коки“, ја промовираше новата песна „Галичка“, која е авторско дело на Венко Серафимовски (музика и текст) и Дејан Ѓеорѓиевски-Ѕене (аранжман).
Песната е работена во студиото на Ѕене, а за истата веќе се снима и видеоспот, кој е во режија на Венко Серафимов. Спотот ќе биде промовиран на прес-конференција по поводот објавувањето на првиот албум на „Тајфата“.
Албумот треба да се појави до месец април, а деновиве членовите на „Тајфата“ интензивно работат на истиот. Овојпат за фотографиите и омотот на албумот ќе биде задолжен Чедо Поповски.
„Тајфата“ минатата година ја промовираше нивната прва песна „Еден пат за еден живот“, а веќе го подготвува и својот прв албум, иако петти по ред за Коки.
– Сите со нетрпение го очекуваме објавувањето на албумот и се надеваме дека публиката ќе ја препознае нашата искрена работа. Исклучително напорно работиме и особено сме горди на фактот што сами си го финансираме овој проект, но сепак немаше да успееме без луѓето кои помогнаа да се реализира сево ова, па затоа искрена благодарност до сите нив – вели Коки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)