Поп-групата „Рива“ во почетокот на 1989 година како претставник на телевизија „Загреб“ ја освои првата награда на „Југовизија“ во Нови Сад и со тоа стана претставник на Југославија на тогашната „Евровизија“.
Со песната „Rock Me” со музика и текст на Рајко Дујмиќ Стив Цвикиќ, „Рива“ го освои првото место на Евросонг кој се одржа на 6 мај 1989 година во швајцарскиот град Лозана, освојувајќи вкупно 137 поени. Тоа беше прва и единствена победа на Југославија во оваа конкуренција.
Групата беше составена од Емилија Kокиќ (вокал), Далибор Мусап (клавијатури и вокали, основач и водач на групата), Ненад Накич (бас и вокали), Звонимир Зрлиќ (гитара и вокал), Бошко Чолиќ (тапани). Во почетокот на 1992 година групата се раздели, и членовите започна својата соло кариера.
– Од запознавањето со членовите на „Рива“ до денес, музиката е мојот живот и мојот живот е музика – вели Кокиќ.
Таа започна своја школа за пеење и музика, а денес на 46-годишна возраст во музичко студио влегува исклучиво за задоволство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





