| четврток, 6 декември 2018 |

Рома ја заврши трката за скудетото, Фиорентина со пресврт дојде до трите бода (видео)

Вчера во Серија А лигата во Италија се одиграа последните три натпревари од 27 коло.
Единствениот конкурент на Јувентус за скудетото оваа сезона екипата на Рома доживеа изненадувачки пораз на Олимпико во Рим од Сампдорија со 2-0.

Roma vs Sampdoria

Со овој пораз Рома сега заостанува големи 14 бодови зад „Старата дама“ и се чини дека на 11 кола до крајот Јувентус има огромна предност.
Тимот на Синиша Михајловиќ знаеше дека ако сака да ја изненади Рома на гостински терен ќе мора да одигра над своите можности, што и се случи со двата гола во второто полувреме. Де Силвестри во 60 и Муриел во 78 минута беа стрелци за Сампдорија. Со новите три бода тимот од Џенова ги задржа шансите за место кое води во еврокуповите следната сезона. Сега на своето конто имаат 45 бода, исто колку и Фиорентина, а се само бод зад Наполи на четвртото место.


AS Roma vs Sampdoria 0-2 All Goals & Highlights… by mehersf19942017

Fiorentina vs Milan

Фиорентина дојде до значајни три бода во натпреварот со Милан со 2-1 иако виолетовите губеа се до 83 минута кога најпрвин Родригез го измрани резултатот, а потоа за само шест минути Жоакин го постави конечниот резултат. Милан поведе во 56 минута со голот на Дестро откако Бонавентура биеше силно кон голот на Фиорентина од преку 20 метри, топката го погоди Дестро и заврши во мрежата на домашниот голман.
Фиорентина го задржа петтото место на табелата, но сега заостанува само еден бод зад Наполи и четири зад Лацио кој е на третото место.


Fiorentina vs Milan 2-1 All Goals… by footballTV

Во последниот натпревар Лацио рутински славеше на гостувањето кај Торино со 2-0. Андерсон со двата гола во 71 и 78 минута го искачи својот тим на третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top