Марија Шарапова убедливо со 6-4, 6-3 ја победи Викторија Азаренка во дербито од 3. коло на ВТА турнирот во Индијан Велс.
Шарапова потполно доминираше во пресметката на две поранешни светски тенисерки број 1 на ранг-листата.
Се очекуваше Азаренка да пружи посилен отпор, но по водството во првиот сет од 4-2 комплетно застана. На мечот вкупно имаше дури 17 двојни грешки, а полоша беше Азаренка со 9.
Шарапова во следната фаза ќе игра со актуелната шампионка на Индијан Велс, Флавија Панета од Италија која ја декласира Австралијката Сем Стосур со 6-4,6-2.
Изненадување приреди Каролин Гарсија со елиминација на Ана Ивановиќ во три сета. Французинката славеше со 6-2, 5-7, 6-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



